Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од ВМФЛ, со одигрување на 5.коло. Вардар ќе гостува во Струга кај екипата на Караорман.
Натпреварот ќе се одигра во недела на градскиот стадион во Струга, со почеток од 15:00 часот.
После четири одиграни кола, Вардар со 10 освоени бодови се наоѓа на 2.место, додека Караорман освои само 4 бода и е пласиран на 12.место.