Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ново гостување за ЖРК Вардар, следен противник е екипата на Пелистер
Ново гостување за ЖРК Вардар, следен противник е екипата на Пелистер

Ново гостување за ЖРК Вардар, следен противник е екипата на Пелистер

Во рамките на 2.коло во групата А од женската ракометна лига, екипата на ЖРК Вардар гостува во Битола кај екипата на Пелистер.

Натпреварот ќе се одигра во недела (18.09) со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Судиската двојка ја сочинуваат Лела Јашар и Михаела Капсарева од Скопје, додека делегат ќе биде Лери Мирчески од Скопје.

Вардарки ќе се обидат да стигнат до втората последователна победа сезонава откако со три бода заминаа од гостувањето во Куманово, додека Пелистер ја „брка“ првата победа, со оглед дека на отварање на сезоната освои само бод од гостинскиот натпревар со Скопје.