Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар го надигра Бутел, за втора сезонска победа
РК Вардар го надигра Бутел, за втора сезонска победа

РК Вардар го надигра Бутел, за втора сезонска победа

Ракометарите на Вардар ја забележаа и втората победа во рамките на Супер Лига. Попладнево во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните со високи 30:21 ја надиграа екипата на Бутел.

Гостинската екипа имаше само една предност, при резултат 2:3, по што следеше серија од четири последователни голови за избраниците на Недановски. Од тој момент, Вардар постојано беше во позитива и имаше контрола на резултатот. На полувреме можевме да заминеме и со повисока разлика, но во последните четири минути од првиот дел, екипата на Бутел направи серија од 0:3 и на полувреме се замина со достојна негатива на противникот од 16:12.

На овој натпревар, шанса добија и младите ракометари, како и оние со помала минутажа. Недановски не правеше многу ротации, па речиси целиот натпревари го одигра со една постава. Повторно ја вративме највисоката разлика од седум голови, во два наврати имавме и позитива од девет гола, иако имавме и напади за двоцифрена разлика. На крајот конечниот резултат гласеше 30:21.

Јан Чувара, Филип Талески и Ален Ќосевски постигнаа по 5 голови.