Екипата на ФК Вардар се пласира во 1/18 финалето на Купот на Македонија, откако попладнево на гостински терен убедливо со резултат 0:3 ја победија екипата на Саса.
Рутинска победа за црвено-црните кои покажаа повеќе на теренот од домашната екипа. Победата ја најавивме уште во 11.минута кога противничката мрежа ја затресе Симеон Христов за водство од 0:1. Иако имавме уште неколку удари кон противничкиот гол, сепак на полувреме се замина само со минимална предност.
Солидна предност од 0:2, во 54 минута ни донесе Дарио Десниќ кој потврдува дека се наоѓа во голгетерска форма, додека конечните 0:3 на овој Куп натпревар беа дело на Владимир Жоглев.
Вардар игра добро сезонова и во ВМФЛ, каде на четири одиграни натпревари има три победи и еден нерешен резултат, а денес обезбеди и пласман во следната фаза од националниот Куп.