Фудбалерите на Вардар предводени од Бобан Грнчаров заминаа на еднонеделна пауза како лидери на табелата во Втората македонска фудбалска лига.
Иако Вардар може да жали што ги нема сите бодови на стартот, сепак и ова не е така лошо ако се земе во предвид првенствената табела. По овие одиграни пет рунди на стартот, Вардар може да се пофали дека ја има најдобрата одбрана во лигата со само два примени погодоци. Ако погледнеме како Вардар ги прими овие голови, доаѓаме до заклучок дека Гачевски брани феноменално кога противникот шутира од свој акции.
По оваа пауза викендов, Вардар има лесна задача против ФК Локомотива во Скопје на која се очекуваат нови бодови и задржување на лидерското место.