Вардар ја продолжи низата од победи во Група А, вечерва успешни бевме против градскиот ривал Чаир со 29-27 (17-15).
Вардарки успеаа да направат водство од 4-1. Чаир не се предаваше и во 20 минута, намали на 9-8. Ние се одлепивме 16-13. До крај на првиот дел Чаир само намали на 17-15.
Прво намалува на 22-20, а потоа при резултат 22-20 пенал одбрани гостинската голманка Аниса Сали. По два нерализирани напади на двете страни, Теодора Гулицоска носи нова неизвесност, а Чаир намалува на 22-21 во 45 минута. Кога не се користат шансите казната стигнува, па така Вардар зголеми на 24-21. Многуте грешки на двете страни беа причината што немаше повеќе голови. Вардар не можеше да се одлепи, а откако гостинките намалија на 24-22, тренерот Александар Царчев побара тајм-аут.
Вардар натпреварот го продолжи без пивотменот Ивана Џатевска која при еден шут во 50 минута падна и со силен извик покажа дека има сеирозна повреда. Неколку минути траеше укажувањето на помошта, а Ивана остана покрај теренот заедно со лекарите. Но, подоцна се врати во игра.
Во последните пет минути од драмата во СЦ „Јане Сандански“ почнаа со предност на Вардар од 27-26, и со играч помалку на теренот по исклучувањето на Нина Попова, Чаир погоди за израмнување, 27-27.
Сара Стефановска во 59 минута донесе нова радост за вардарки со нејзиниот деветти гол на средбата и водство 28-27. Бојана Коцева во контра погодува за 29-27.
Кај тимот Вардар најефикасна беше Сара Стефаноска со 9 гола, а шест постигна Бојана Диневска. Коцева погоди 4.пати. Илиќ одбрани 10.топки,а Трајкоска Јована фати 4 удари.