Атлетскиот клуб „Вардар“ на својата официјална страница даде краок осврт на вардарците кои настапија на најмасовната атлетска манифестација, Скопскиот маратон. Истата ви ја пренесуваме во целост:
Легендарниот, Трпе Мартиновски во 6-тата деценија од својот живот ја собори Маратонската делница 42.195км. Негов најдобар резултат во кариерата е 2:25:06. Вчера постави време од 3:44:42.
Христифор Пејовски беше одличен на полумаратон, патеката долга 21.097км ја мина за 1:27:57.
Дејан Петков успешно го финишираше полумаратонот со резултат 2:04:43.
Како што веќе објавивме Петре Завировски успеа да ја собори маратонската делница 42.195км со резултат 3:34:48.