Во сабота, во рамките на 7.коло во ВМФЛ, екипата на ФК Вардар гостува кај екипата на Каменица Саса.
Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица со почеток од 14:00 часот. Судиската тројка доаѓа од Велес, се работи за Игор Иванов кој ќе биде главен делител на правдата, додека негови помошници се Андреј Ќамилов и Александар Ајдаров.
Вардар е лидер на табелата со 16 освоени бодови, додека Саса се наоѓа на 12.место со само 5 бодови.