Фудбалерите на Вардар издвојуваа нова победа и со самото тоа останаа лидери на првенствената табела и по оваа рунда. Вардарци се вратија од Македонска Каменица со три бода, откако го победија домаќинот Каменица Саса со убедливи 0:3.
Филип Гачевски остана перфектен и по оваа рунда, односно беше еден од главните играчи и уште еднаш имаше ,,чиста мрежа”. По дуелот, популарниот Гача се обрати со порака, во која вели:
,,Црвено – црното семејство е на патот каде припаѓа ! Еден Живот – Една Љубов