Македонската фудбалска репрезентација до 15 години одигра со нерешен резултат (2:2) на првиот контролен натпревар против репрезентацијата на Србија.
Натпреварот кој се одигра на тренинг центар „Петар Милошевски“ заврши без победник, во првото соочување на овие две млади репрезентации. Сите четири голови на натпреварот паднаа во првиот дел, откако Србија прва го отвори резултатот за 0:1, за Македонија да врати со два гола, дело на поранешниот вардаров играч, Стефан Бранковски, кој донесе водство на својата репрезентација од 2:1. Сепак до крајот на првиот дел, противникот постигна гол и израмни на 2:2, резултат кој до крајот се покажа и како конечен.
Во стартниот состав на Македонија се најдоа двајца играчи од Вардар, тоа се Матео Кесиќ и Илија Митаноски. Втората контролна пресметка овие две селекции ќе ја одиграат на 13. октомври во 11. часот.