Генерациите 2008 и 2009 во сабота (15.10) во рамките на Регионалната Скопска Лига ќе гостуваат во Тетово на екипата на Шкендија.
Натпреварите во сабота се закажани на игралиштето на АМС СЦ во Тетово, во термините од 14:00 и 16:00 часот.
Генерациите 2008 на ФК Вардар и Шкендија се наоѓаат на првите две места на табелата, со максимален број на освоени бодови. Што се однесува до помладите петлиња, Вардар има 3 бода, додека Шкендија и тука е максимална по број на бодови.