Половичен успех за младите екипи на ФК Вардар, кои денес одиграа натпревари од 6.коло во Супер Лигата против екипата на Македонија Ѓ.П.
Кадетите на Вардар се поразени на натпревар од 6.коло во Супер Лигата. Утрово на теренот во Ѓорче, дерби натпревар во кадетската лига одиграа екипите на Вардар и Македонија Ѓ.П, кој му припадна на противникот со резултат 0:2 (0:0)
Вардар беше поконкретен во првиот дел од натпреварот, период во кој ја имаше и најдобрата шанса да го отвори резултатот. Во 34.минута Дарко Сековски немаше среќа кога со одличен удар од некаде 20-сетина метри ја погоди стативата од противничкиот гол. Претходно, обиди кон голот на Македонија Ѓ.П имаа и Стефановиќ, како и Кузмановски и Сековски, но ништо посериозно.
Условно гостинската екипа на овој натпревар речиси и да не се закани кон нашиот гол, сепак Вардар во 40.минута остана со играч помалку на теренот, откако голманот Леонид Илиевски играше со рака надвор од шеснаесетникот, по што му беше доделен директен црвен картон. Негова замена на голот во продолжение од натпреварот беше Андреј Данстак, кој веднаш и забележа интервенција после слободен удар на противникот. На полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.
Цело второ полувреме игравме со играч помалку и тоа се одрази на теренот. После една наша дефанзивна грешка, во 61.минута од натпреварот Алији го отвори резултатот 0:1 и донесе предност на својот тим. Печат на победата, гостинскиот тим стави во 75.минута преку Славков, кој погоди со глава после нафрлена топка од корнер, за конечни 0:2 на овој натпревар.
Вардар: Леонид Илиевски, Александар Трајчевски, Рами Рахми, Матеј Митревски, Влатко Кулуковски (К), Виктор Стефановиќ, Максим Бундалески, Агрон Туша, Михаил Кузмановски, Дарко Сековски, Алтин Нурединовски.
Играа уште и Андреј Данстак, Хадис Рамани, Лука Митрески, Нуман Ајетовиќ и Димитар Стојановски.
Филип Јовановски донесе три бода за младинците, во дербито со екипата на Македонија Ѓ.П, која пред ова коло беше единствената екипа во младинската Супер Лига со максимален број на освоени бодови. Вардар му го нанесе првиот пораз на конкурентот сезонава, откако славеше триумф со резултат 1:0 (0:0)
Вардаровите младинци иако од 77.минута играаа со играч помалку поради исклучувањето на Левент Ибраим, сепак со погодокот на Филип Јовановски во 83.минута успеаа да стигнат до победа. На голот претходеше акција, во која Величковски додаде до Дошев, овој до Јовановски кој се запиша во листата на стрелци.
Вардар на овој натпревар имаше уште неколку прилики, преку Величковски, но немаше реализација. При резултат 0:0, две добри одбрани на нашиот гол имаше Никола Филевски. Ова е третта победа во серија за нашите младинци кои се приклучуваат во борбата за највисок пласман на крајот од сезоната.
Вардар: Никола Филевски, Зоран Фидановски, Никола Величковски (К), Стефан Стојановски, Ѓорѓи Дошев, Никола Анчевски, Филип Јовановски, Горјан Цветков, Андреј Алексоски, Марко Стојилевски, Тино Спасиќ.
Играа уште и Левент Ибраим, Христијан Стојановски, Никола Уневски и Филип Блажевски.