Екипата на РК Вардар стигна до својата седма последователна победа во домашното првенство. Попладнево во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните беа подобри од екипата на Струга со резултат 36:27.
Избраниците на Недановски добро го стартуваа натпреварот со три последователни голови, додека последната резултатска неизесност беше при резултат 5:3, за вардарци да направат серија од 5:0 и да поведат со 10:3. До крајот на првото полувреме само го зголемувавме водството, за на одмор да се замине со висока предност од 20:11.
Во вториот дел лесно ја одржувавме разликата, Недановски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање на денешниот натпревар. Игравме доволно колку што беше потребно, за на крајот да стигнеме до висока победа.
Давид Савревски беше најефикасен со 7 голови, додека пикерот Милан Лазаревски имаше 6, додека Андреј Добрковиќ постигна 5 гола.