Генерациите 2008 и 2009 на фудбалскиот клуб Вардар денес ги одиграа првите натпревари, на силниот меѓународен турнир во Истанбул, на кој се натпреваруваат екипи од Македонија, Турција, Србија, Полска и Косово.
Победа на отварање на турнирот забележа генерацијата 2009 која со пресврт успеа да го победи тимот на Газиосманпаша со резултат 4:3, откако на полувреме противникот имал предност од 1:2.
Пораз во првото коло за генерацијата 2008 од екипата на Бајашекир Истанбулспор со резултат 2:1. Вардаровите надежи на овој натпревар не успеале да реализираат удар од белата точка.
Утре, двете вардарови екипи ги очекуваат нови натпревари на овој силен меѓународен турнир.