Младата репрезентација на Македонија до 17 години во Скопје, во периодот од 25 до 31 октомври, ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во следната елитна фаза квалификации за Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023.
Квалификациските мечеви ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во комплексот „Куќа на фудбалот” и стадионот на Македонија Ѓ.П. Македонија се наоѓа во групата 19, заедно со селекциите на Франција, Исланд и Луксембург.
Во првото коло, Македонија за противник ја има селекцијата на Исланд. Натпреварот е закажан на 25 октомври со почеток во 14. часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Во рамките на второто коло, силите ќе ги одмериме против апсолутниот фаворит во групата, Франција. Дуелот против „галските петли” го играме на 28 октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во 14. часот. Во последното коло, кое на програмата е на 31 октомври, Македонија игра со Луксембург (Тренинг центар „Петар Милошевски”).
За овој квалификациски турнир, селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ, ги повика Дарко Сековски и Нуман Ајетовиќ од редовите на Вардар.