Дербито во Втората фудбалска лига на Македонија му припадна на ФК Гостивар кој со резултат 1:0 го победи Вардар и му го нанесе првиот сезонски пораз.
Фудбалерите на ФК Вардар имаа неправедна негатива на полувреме во Гостивар. Велиме неправедна негатива бидејќи беше досуден ама баш никаков пенал за противникот, од кои стигнаа до водство на полувреме. Вардарци во првиот дел ја контролираа играта, имаа свој шанси, но не ги искористија, па така со една крајно лоша одлука ,,црвено – црните” мораа да заминат на пауза со негатива.
Вардар се обидуваше да се врати резултатски, ама немаше сили за такво нешто. Домаќинот имаше и уште неколку удари по голот на Гачевски, додека вардарци беа главно опасни по прекини. Голема можност за реми имаше Десниќ со удар од околу 20 метри, ама голманот на домашните се истакна со парада.
Во следното коло Вардар одново игра дерби дуел, овој пат на домашен терен со ФК Воска.