СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ГЕНЕРАЦИИТЕ 2008 И 2009 НА СИЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ИСТАНБУЛ.
Вардар се враќа во Скопје со два сребрени медали од меѓународниот турнир „Истанбул Куп“, на кој учествуваа екипи од рангот на Фенербахче, Лудогорец и други реноминирани екипи од Србија, Полска, Бугарија и Косово.
Вардар ги загуби двете финалиња, но остави одличен впечаток на овој турнир.
Генерацијата 2008 после голема борба беше поразена во големото финале од екипата на Монтевидео од Белград, дури после изведување на ударите од белата точка, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови 0:0.
Генерацијата 2009 во големото финале, иако на теренот беше подобар противник, сепак на крајот доживеа пораз од екипата на Доан Спор од Истанбул со резултат 2:0.
Честитки до вардаровите надежи, кои достојно го бранеа црвено-црниот дрес.