Нашиот, Петре Завировски има одлична сезона зад себе, која ја круниса со победа на трката по повод денот на Македонската борба 23 октомври.
Завировски покажа еден моќен перформанс делуваше храбро, брзо, ја повлече трката од самиот почеток. Воопшто не калкулираше. Оваа победа има посебен шмек. Нема да навлегуваме во детали тоа го знаат сите присутни на настанот. Вардарецот покажа исклучителна спортска дрскот.
Од разговорите кои имавме можност да ги направиме со него, очигледна е неговата одлучност во следната сезона ќе гледаме некој нов Завировски. Да цитираме зборови на Фридрих Ниче “ТОА ШТО НЕ НЀ УБИВА, НЀ ПРАВИ ПОСИЛНИ”. Сезоната на Завировски продолжува во наредниот период. Имавме можност да видиме една антологиска фотографија каде на едно место беа собрани многу Вардарци.