Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од 9.коло во ракометната Супер Лига, во кое Вардар ќе гостува на екипата на Бутел.
Натпреварот е закажан да се одигра во сабота (05.11) во спортската сала „Антон Димитров“ со почеток од 18:00 часот. За судии се делегирани Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје, додека делегат ќе биде Марјан Начевски.
После осум одиграни кола, Вардар има забележано исто толку победи, додека Бутел има скор од пет победи и три порази. Првиот напревар одигран во С.Ц. Јане Сандански го доби Вардар со резултат 30:21.