Во сабота, во рамките на 11.коло во ВМФЛ гостуваме во Виница, на екипата на Слога 1934.
Натпреварот во сабота ќе се одигра на градскиот стадион во Виница, со почеток од 13:00 часот. Вардар е фаворит за освојување на бодови, според моменталната позиција на табелата. Црвено-црните се лидер со 25 освоени бодови, додека Слога се наоѓа на 12.место со 9 освоени бодови.
Секој натревар е важен за Вардар во борбата за враќање во ПМФЛ. Очекуваме добра игра и нови три бода, со кои ќе се зацврстиме на врвот на табелата.