Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар гостува на Бутел, на натпревар од 9.коло во Супер Лигата
РК Вардар гостува на Бутел, на натпревар од 9.коло во Супер Лигата

РК Вардар гостува на Бутел, на натпревар од 9.коло во Супер Лигата

Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од 9.коло во ракометната Супер Лига, во кое Вардар ќе гостува на екипата на Бутел.

Натпреварот е закажан да се одигра во сабота (05.11) во спортската сала „Антон Димитров“ со почеток од 18:00 часот. За судии се делегирани Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје, додека делегат ќе биде Марјан Начевски.

После осум одиграни кола, Вардар има забележано исто толку победи, додека Бутел има скор од пет победи и три порази. Првиот напревар одигран во С.Ц. Јане Сандански го доби Вардар со резултат 30:21.