Поради повреда добиена на натпреварот со Воска, најдобриот стрелец на Вардар, Дарио Десниќ ќе мора да паузира одредено време и да биде надвор од зелените терени.
Десниќ се повреди откако постигна гол со Воска, а според нашите информации се работи за повреда на задната ложа, која ќе го одалечи од фудбалските терени на дуелот во Виница овој викенд, а сигурно и на дуелот од Купот.
Ова е голем хендикеп за Вардар, бидејќи нема да може Грнчаров да смета на својот најдобар стрелец со пет постигнати гола сезонава.