Кадетите на РК Вардар се вратија на победничките патеки, откако денес славеа на гостувањето кај екипата на Алкалоид, Натпреварот од 5.коло кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда заврши со победа на Вардар со резултат 26:38.
Избраниците на Зоран Петковски-Зенга го контролираа натпреварот и постојано беа во предност. Натпреварот со гол го отвори домашниот тим, но вардарци набрзина направија серија од 1:4 и од тие моменти па се до крајот на натпреварот беа во позитива. Домашниот тим на моменти се доближуваше до нашата предност, кога намали на 5:6, но Вардар со нова серија се одлепи за прв пат на четири гола разлика (5:9). Последната неизвесност беше при резултат 10:12, но момците на Зенга се погрижија на одмор да заминат со солидна предност од пет гола разлика, откако резултатот на семафорот гласеше 11:16.
Некаде до средината на првоото полувреме, разликата во корист на Вардар се движеше од 3:5 гола разлика, до моментот кога при резултат 22:27, Вардар влезе во голема серија од 0:8 за да поведе со 22:35 и тука да ги разреши сите дилеми околу конечниот победник, ако и воопшто постоеа пред почетокот на натпреварот. Одигравме навистина моќно во текот на целиот натпревар, а на крајот Алкалоид мораше да се помири со висок пораз од 12 гола разлика, после истекот на 60.минути резултатот гласеше 26:38.
Матеј Тевдовски беше предводник во победата со 10 постигнати гола, додека Јован Божиновски, Лука Најдовски и Томислав Стаменков постигнаа по 6. Ова е четврта победа сезонава за кадетите на Вардар, кои имаат само еден пораз во својата група.