Денес, во рамки на 1.коло од групата-А во младинската лига, ЖРК Вардар ја пречека екипата на Стружанка. Со убедлива игра вардарки дојдоа до победа со резултат 33-16.
Гостинот на почетокот успеа да парира се до резултат 4-4, потоа следена наши минути. Одличната одбрана на вардарки и расположената на голот Ѓорѓиевска на ривалките им ги затворија сите приоди кон нашиот гол, во нападот казнувавме и влеговме во серија, со висока серија 6-0 поведовме со 10-4. Од минута во минута ја зголемувавме предноста па на одмор заминавме со девет голови повеќе, за време на паузата беше 16-7 за црвено-црните дами.
Царчев Александар кој ги води младинките даде прилика на сите девојки, од минута во минута само ја зголемувавме предноста. Вардарки и во вториот дел на дуелот кој се одигра во салата „Круме Кепески“ имаа контрола. Разликата до 60.минута „нарасна“ на 17.гола до крајот, победата дојде со резултат 33-16.
Сара Стефаноска и Максимовска Наталија беа први стрелци со по 6.гола на оваа средба, пикерот Нина Попова стрелаше 5.пати, Теодора Ангелова даде 4.гола, а со 3ки завршија сестрите Коцеви, Бојана и Борјана.
Вероника Ѓорѓиевска покажа квалитет, успеа да да сопре неверојатни 13.удари од кој дури 4.пенали, другиот голман Марија Галачова имаше солидно деби за вардаровиот тим во младинската лига со 6.одбрани.