Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките без бодови од дуелот кај ЖРК Скопје
Кадетките без бодови од дуелот кај ЖРК Скопје

Кадетките без бодови од дуелот кај ЖРК Скопје

Кадетките на Вардар вчера гостуваа кај тимот на Скопје, на натпреварот кој се одигра во Спортскиот центар “Форца„ до победа дојде домаќинот со резултат 26-24 (13-14).

Започнавме со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, потоа  домаќинот успеа да се одлепи со три врзани гола на 4-1. Нашите девојки не се предадоа и успеаа да направат пресврт кога поведоа со 10-12 на оваа средба. На пауза заминавме со минимална предност од еден гол, односно со резултат 13-14.
Подобро отворивме во вториот дел и поведовме за прв пат со три  гола на оваа средба при резултат 13-16. Следеа минути на домаќинот кој успеа да изедначи и да ја врати неизвесноста, на семафорот беше  19-19. Екипата на Скопје беше поскоцетрирана во финишот, ги користеше своите шанси и дојде до победа со два гола предност, односно со резултат 26-24.

Кај вардарки Миленковска Леона беше одлична со 10.гола, квалитетен меч одигра и Шехтанска Ангела со 9.погодока кај нас, Николова Ива стрелаше 3.пати, еднаш мрежата ја затресе Ива Божиновска.