Со максимални осум победи, во исто толку одиграни натпревари, кошаркарките на Баскет Кам 2011 ќе презимат на првото место во Првата лига-жени.
Девојките од Македонска Каменица успеаја да го задржат стонастотниот ефект во овој прв дел од првенството откако на домашен терен беа подобри од искусниот состав на Гризли Баскет (65:56).„Вардарки“ победија во Струга (76:63), но наидоа на голем отпор кои им го дадоа стружанки кои на овој натпревар во салата „Нико Нестор“ влегоа доста ослабени со неиграњето на повредените Шејкероска, Зендели, Модева и Муртезани.
Јелена Антиќ реализираше 18.поени, Деловска и Петковска по 16, а Зафировска уште 13.поени за екипата од Скопје, додека на другата страна Софи Ли дојде до 27.реализации, а Стојаноска дополни со уште 15.
А многу важен триумф реализира екипата на МЗТ Скопје Аеродром, на гостински терен во Крива Паланка (76:72), со кои девојките од Аеродром го задржаа третото место на табелата, пред Бадел 1862 кој во ова коло немаше проблеми во дуелот со кавадаречки Пробаскет (73:41).
Следува пауза во ова натпреварување, а наредното 9. коло, ќе се одигра на 21.јануари, во наредната 2023 година.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром 72:76
Бадел 1862 – Пробаскет 73:41
Струга 2009 – Вардар 63:76
Баскет Кам 2011 – Гризли Баскет 65:56
ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 16, Вардар 15, МЗТ Скопје Аеродром 13, Бадел 1862 12, Струга 2009 11, Крива Паланка 11, Гризли Баскет 10, Пробаскет 8;
ИДНО КОЛО (21.01.2023)
Бадел 1862 – Крива Паланка
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
Пробаскет – Баскет Кам 2011
Гризли Баскет – Струга 2009