Селекторот на македонската ракометна репрезентација го објави конечниот список на ракометари, на кои ќе може да смета за претстојното светско првенство во Шведска и Полска.
На конечниот список од 18 ракометари се најдоа и четворица играчи од Вардар. Се работи за Филип Талески, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Мартин Томовски.
Македонија е во група со репрезентаците на Норвешка, Аргентина и Холандија. Првиот натпревар го играме во петок против репрезенацијата на Норвешка.