Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Ќе се бориме за првото место во СЕХА-групата
Недановски: Ќе се бориме за првото место во СЕХА-групата

Недановски: Ќе се бориме за првото место во СЕХА-групата

Македонскиот  шампион, Вардар 1961 го очекува  нов СЕХА тест оваа сезона. Во рамки од третото коло од групната фаза  го пречекаат тимот на Татран Прешов, в петок со почеток од 18:00 часот во „Јане Сандански“. Тренерот  на црвено-црните, Владо Недановски за овој натпревар изјави:

Пред десет дена во Словачка одигравме натпревар со истиот ривал. Таму имавме уморни и нови играчи кои не беа доволно воиграни. Отворивме добро, имавме предност, но потоа и пад. Имавме и добри и лоши моменти во нападот и одбраната, но тој беше прв во СЕХА. Репрезентативците добија заслужен одмор, кој навистина им требаше, а потоа имавме неколку тренинзи во комплетен состав. Мислам дека сме подготвени за натпреварот во петок, ќе направиме анализа и ќе гледаме видео денеска, секако дека одиме на победа. Дали ќе биде над четири гола разлика колку што загубивме таму ќе видиме во петок, но ќе направиме сè за да се бориме за првото место во групата. Мислам дека овој натпревар ќе биде далеку подобар од оној во Словачка. Имаме повредени играчи, Моралес влече повреда, но тоа е што е. Дополнителен проблем е, но повредите се составен дел од спортот. Во првиот дел од сезоната немавме голем ростер, но сега имаме и новите ракометари од тренинг на тренинг се подобри и подобри-вели Недановски.