PK Вардар 1961 во петок во „Јане Сандански“ го пречекува тимот Татран во дуел од регионалната од СЕХА лигата. За оваа средба, крилото Гоце Георгиевски изјави:
Би било фантастично да победиме со пет голови разлика, ако се случи тоа тогаш речиси ќе го освоиме првото место во групата. Правиме анализа од првиот меч, ќе видиме каде сме грешеле. Јасно е дека Татран е добра, квалитетна екипа, но не криеме, одиме на победа, се надевам дека таа победа ќе биде изразена со најмалку пет голови разлика. Според мене мораме да одиграме добра добрана, добрата одбрана го добива натпреварот. Ако тој сегмент од нашата игра функционира како што треба тогаш верувам дека ќе ги оствариме нашите цели на мечот со Татран-вели Георгиевски.