Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар губеше, па на крајот го победи Скопје
Вардар губеше, па на крајот го победи Скопје

Вардар губеше, па на крајот го победи Скопје

Вардар иако имаше негатива од ден гол, сепак на крајот успеа да победи на контролниот натпревар против екипата на Скопје. Пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот во населбата Автокоманда заврши со триумф на црвено-црните со резултат 3:1 (1:1).

Екипата на Скопје прва успеа да го отвори резултатот за 0:1, но Вардар со крајот на првиот дел израмни на 1:1 преку Владимир Жоглев.

Избраниците на Грнчаров одиграа добар натпревар во вториот дел и направија комплетен резултатски пресврт. Денешниот натпревар ќе остане во сеќавањето на младиот Ѓорѓи Дошев (2005) кој го постигна првиот гол за сениорската екипа, за предност на Вардар од 2:1. До крајот на мечот за повисока победа се погрижи Дарио Десниќ, кој ги постави конечните 3:1 на овој контролен натпревар. На овој натпревар настапија и новите засилувања, Радуловиќ-Величковиќ, Митев, Цветаноски и Размоски.

На 11.февруари, Вардар ќе има силен тест кога силите ќе ги одмери со градскиот ривал, тимот на Работнички.