Екипата на ФК Вардар денес стигна до уште една значајна победа во борбата за пласман во ПМФЛ од следната сезона. На домашен терен, црвено-црните ја победија екипата на Детонит со резултат 2:0.
Пред почетокот на натпреварот играчите му дадоа поддршка на својот капитен, Дарко Мицевски, кој поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната. Вардарци носеа маички со написот „Панта со тебе сме“