Рутинска победа на Вардар кој се враќа од Велес со три бода, откако беше подобар од домаќинот Борец со убедливи 0:3.
Се беше јасно уште по првиот дел, кога Владимир Жоглев со два гола донесе предност на полувреме од 0:2. Во вториот дел Грначаров им даде шанса и на помладите фудбалери, а еден од нив – Јусуфи погоди за убедливи 0:3 и значајни, нови три бода.
Вардар со оваа победа останува на лидерската позиција, со исто толку бодови како и Воска, додека Гостивар падна на 3.место откако денес одигра нерешено со екипата на Пелистер. Во следното коло Вардар е домаќин, овој пат на екипата на Караорман во сабота.
- Честитки до фудбалерите на Вардар кои и денес не примија погодок.