Екипата на РК Вардар ја очекуваат натпревари во 1/4 финалната група од Купот на Р.Македонија. С.Ц Јане Сандански ќе биде домаќин на групата во која се екипите на Вардар, Охрид, Јуниор КВ и Скопје.
Во полуфиналето Вардар во сабота од 17 часот се среќава со Охрид, и победникот од тој меч ќе игра со победникот од средбата меѓу Јуниор КВ и Скопје.
Очекувањата за натпреварот со Охрид, ги споделија тренерот Владо Недановски и ракометарот, Марко Мишевски.
-Почнува серија на силни мечеви, но сега сме фокусирани за Охрид. Тоа е квалитетен тим, играат добар ракомет, и имаат искуни играчи. Покажаа дка кога играат со Вардар се супер мотивирани. Агресивни се сите 60 минути. На последниот меч што го игравме тешко поминавме. Ние се подготвуваме како и за секој меч. Нема многу поразлично да биде од досегашните. Вардар е фаворит, и секако одиме на победа. Имаме повредени, со мали или посериозни повреди. Ова е втор дле од сезоната. Нормално е тоа, но секако не се тоа големи проблеми. Не размислуваме за што понатаму, туку само за овој меч што е пред нас. Од понеделник ќе почнеме да се подготвуваме за Еурофарм Пелистер, изјави Недановски.
-Мотивацијата за секој меч е висока. Одиме на победа без разлика на каков меч играме. Се измачивме во Охрид на претходниот дуел. Квалитетен тим се. Имаат некои нови играчи, но нема со што да не изнанадат, Знаеме каков им е квалитетот.
Да го потенцирам пивотот Бојаниќ кој даде добри партии со нас, но сега и бековите одиграа добар меч. Сите позиции им се добро покриени. Нема посебен играч што се двои. Ние со наша одбрана и контра и полуконтра ќе успееме да триумфираме, истакна Мишевски.
Распоред на натпревари
18 март (сабота) – СЦ „Јане Сандански“ (мала сала)
17 ч. ВАРДАР – Охрид
19 ч. Јуниор КВ – Скопје
19 март (недела)
17 ч. Финале