Во рамките на 7.коло во Плеј-Офот на ракометната Супер Лига, Вардар ќе гостува кај екипата на Алкалоид.
Натпреварот е закажан да се одигра во сабота (01.04) во спортската сала во населбата Автокоманда со почеток од 20:00 часот. Ќе судат најдобрите, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегат ќе биде Ацо Николовски.
Вардар е лидер на табелата со максимални 21 освоен бод, додека Алкалоид се наоѓа на 3.место со 15 бодови. Вардар е фаворит на овој натпревар, на кој е потребна победа, за зголемување на шансите во освојување на нова шампионска титула, после победата во дербито со Еурофарм Пелистер.