Продолжуваат натпреварите во ВМФЛ, во рамките на 22.коло, црвено-црните ќе бидат домаќини на екипата на Саса.
ФФМ ги делегираше судиите за овој натпревар кој ќе се одигра утре со почеток од 15:о0 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.
Судиската тројка доаѓа од Тетово, за главен е назначен Александар Урошевиќ, додека негови помошници ќе бидат Дарко Јовчевски и Идриз Идризи.