Младинките на ЖРК Вардар со 5/5 во групата-А веќе на 4.кола до крајот обезбедија пласман на завршниот Ф-4 турнир во оваа конкуренција. Црвено-црните избранички попладнево во Струга беа подобри од домаќинот Стружанка со резултат 22-34.
Првиот дел го започнавме фуриозно, на стартот по неколку одбрани на Ѓорѓиевска поведовме со 0-3. Ние бевме тимот кој диктираше темпо и од минути во минута ја зголемувавме предноста. На одмор заминавме со 9.гола повеќе, односно со резултат 8-17. Во вториот дел на овој натпревар од 6.коло во групата-А кај младинките домаќинките немаа сили да парираат. Дојдовме до двоцифрена победа со 12.гола повеќе, односно со резултат 22-34.
Вероника Ѓорѓиевска беше одлична и сопре дури 12.топки (60%), Марија Галачева одбрани 6.топки. Кај стрелците највеќе голови имаше Коцева Бојана со 7.гола, Сара Стефаноска даде 6.погодока.