За претстојниов викенд се закажани нови натпревари за младинските екипи на РК Вардар.
Во рамките на 13.коло, кадетите на РК Вардар ќе гостуваат кај екипата на Мулти Есенс. Натпреваарот ќе се одигра во сабота со почеток од 14:30 часот, во спортската сала во населбата Автокоманда. Истиот ќе го судат, Лела Јашар и Михаела Капсарева. Се работи за дерби натпревар во групата А, каде, Мулти Есенс е лидер со 36 бода, додека Вардар има 30 бода на второто место.
Во сабота, пионерите ќе бидат домаќини во спортската сала на „ОУ Круме Кепески“ на екипата на Бутел. Натпреварот ќе стартува од 13:30 часот, кој ќе го судат Драган Начевски и Божидар Васевски.