Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар неочекувано загуби на гостувањето кај Алкалоид
Вардар неочекувано загуби на гостувањето кај Алкалоид

Вардар неочекувано загуби на гостувањето кај Алкалоид

Вардарци неочекувано загубија на гостувањето кај екипата на Алкалоид и на тој начин си го отежнаа патот за освојување на Шампионската титула. Домашниот тим победи минимално со резултат 22:21.

Вардар одигра лошо прво полувреме и само поради подобрите завршни пет минути, на полувреме замина само со негатива од три гола. Томовски добро го стартуваше натпреварот, со две одбрани сречи Алкалоид да поведе со два гола разлика, но тоа му успева на домашниот тим во 8.минута кога резултатот на семафорот гласеше 4:2, за во 10 минута да имаат и предност од 5:2. Голманот на противникот, Благојче Трајковски, беше најголемиот виновник што во еден момент Алкалоид имаше и високи седум голови разлика, додека при резултат 7:3, Недановски се реши за прв пат на натпреварот да побара тајмаут. Едноставно ништо не ни одеше од рака, промашувавме и од добри позиции, односно Трајковски ги бранеше нашите удари, а домаќинот се одлепи на осетлива предност од 13:6. Сепак следеше добар финиш на вардарци, кои со серија од 0:4, од кои три гола беа дело на Манасков, намалија на 13:10, резултат со кој се замина на полувреме во спортската сала во населбата Автокоманда.

 Со голот на Манасков го отворивме вториот дел, но противникот постигна два гола во серија и зголеми на 15:11. Следи серија на нашиот шампион од 0:3 за да намалиме на само еден гол разлика, резултатот во 39 минута гласеше 15:14, откако погоди Стоилов. Благодарение на седмата одбрана на Томовски и голот на Георгиевски, Вардар успеа во 41 минута да го израмни резултатот, па Лазаров беше принуден да побара минута одмор. Алкалоид прави серија од 3:0 и поведува со 18:15, за Моралес да ја спречи лошата серија и да го намали резултатот. Противникот имаше напад за плус два, но не успеаа да реализираат, а Манасков постигна гол за да израмни на 20;20 на пет минути пред крајот. Во финишот подобро се снајде екипата на Алкалоид која стигна до минимална победа со резултат 22:21.