Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ѓорѓи Дошев за прв пат стартер на официјален натпревар, Грнчаров продолжува да им дава шанса на младите играчи
Ѓорѓи Дошев за прв пат стартер на официјален натпревар, Грнчаров продолжува да им дава шанса на младите играчи

Ѓорѓи Дошев за прв пат стартер на официјален натпревар, Грнчаров продолжува да им дава шанса на младите играчи

Екипата на ФК Вардар со триумфот против Саса ја продолжи победничката серија и борбата за пласман во ПМФЛ од следната сезона.

Црвено-црните славеа на стадионот „Борис Трајковски“ во меч против екипата на Саса (3:0). Шефот на стручниот штаб, Бобан Грнчаров, продолжува да им дава шанса на младите фудбалери кои се желни за докажување на теренот. Прв пат како стартер на официјален натпревар играше Ѓорѓи Дошев, кој на теренот помина 64.минути.

Шанса за игра во вториот дел добија Давор Серафимов и Марко Стојилевски, додека на клупата за резерви за прв пат беше Тино Спасиќ. Сите споменати играчи се генерација 2005.