Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Порази за кадетите и младинците на градското дерби против Работнички
Порази за кадетите и младинците на градското дерби против Работнички

Порази за кадетите и младинците на градското дерби против Работнички

Кадетите и младинците се поразени на градското дерби од екипата на Работнички. Денес на теренот во Пржино се одиграа натпревари од 15.коло во кадетската и младинската Супер Лига.

Кадетите загубија минимално со резултат 0:1, а одлучувачкиот момент се случи во 28.минута кога противникот успеа да ја затресе нашата мрежа и да поведе со 0:1, резултат кој беше и конечен на овој дерби натпревар во кадетската Супер Лига. Вардар имаше неколку обиди на овој натпревар, но сепак не успеавме да освоиме бодови.

Вардар: Андреј Данстак, Хадис Рамани, Драган Јанкоски, Андреј Петровски, Михаил Танчев, Марко Николовски (К), Димитар Стојановски, Бојан Јаневски, Кристијан Галевски, Максим Цониќ, Александар Миовски.

Играа уште и Хабиб Бектеши, Харбин Туша и Милош Спасовски.

Неочекуван висок пораз од градскиот ривал претрпеа нашите младинци. Конечниот резултат гласеше 0:6 во корист на Работнички. На полувреме противникот имаше мининално водство од 0:1. Можеби поинаков тек ќе имаше натпреварот доколку искористивме шанса при негатива од еден гол, после еден центар шут, Филип Јовановски, немаше среќа кога ја погоди само стативата од голот. Гостинската екипа од 50 до 86 минута постигна нови пет гола во нашата мрежа за висока победа на крајот.

Вардар: Никола Филевски, Давор Серафимов, Влатко Кулуковски, Огнен Здравковски (К), Михаил Кузмановски, Виктор Стефановиќ, Симеон Здравковски, Зоран Фидановски, Тино Спасиќ, Матеј Гаштаров, Филип Јовановски.

Ираа уште и Илија Апостоловски, Рами Рахми, Марко Стојилевски, Никола Уневски и Христијан Стјановски.