Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Победи за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањето кај Охрид Лихнидос
Победи за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањето кај Охрид Лихнидос

Победи за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањето кај Охрид Лихнидос

Кадетите и младинците со три бода се враќаат од гостувањето кај екипата на Охрид Лихнидос. Двете наши екипи успеаа да стигнат до победи на натпреварите од 16.коло во Супер Лигата.

Кадетите го добија натпреварот против Охрид со резултат 1:2, со голови во првиот дел од натпреварот.

Уште во 3.минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот со голот на Милош Спасовски кој погоди со глава, после центар шут од корнер на Николовски за водство од 0:1. Имавме иницијатива и посед на топка, тоа донесе зголемување на предноста од 0:2, се играше 29.минута кога Христијан Стојановски излезе очи во очи со противничкиот голман, кој го лобуваше за нова наша радост. Во 42.минута домашниот тим постигна гол и намали на 1:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел мируваа мрежите на двете екипи, ние имавме неколку обиди да го зголемиме резултатот, но немаше нова промена. Марко Николовски се обиде со удар од 20.метри кој шутираше крај голот, како и Кристијан Галевски кој исто така упати удар. Пред крајот на натпреварот лесно можеше да се случи, Охрид да го израмни резултатот, но Леонид Илиевски со одлична интервенција го спаси својот гол и го задржа водството на Вардар.

Вардар: Андреј Данстак, Хадис Рамани, Матеј Митревски, Андреј Петровски, Давор Лефковски, Матеј Гаштаров, Марко Николовски, Христијан Стојановски, Димитар Стојановски, Филип Радевски, Милош Спасовски.

Играа уште и Леонид Илиевски, Бојан Јаневски, Рами Рахми и Кристијан Галевски.

Младинците исто така ги освоија трите бода, откако славеа со резултат 0:2, со голови во вториот дел од натпреварот. Во првите 45.минути противникот одолеваше на нашите напади, па на одмор се замина со почетните 0:0. Имавме денес многу шанси, но голманот на Охрид беше најзаслужен што неговиот тим не загуби со поголема разлика.

Отпорот на Охрид беше „скршен“ во 68.минута кога после центар шут на Фидановски од десната страна, Михаил Кузмановски беше играчот кој на втора статива биеше за водство од 0:1. На вториот гол кој се случи во 78.минута претходеше убава акција на нашиот тим, во која учествуваа Симеон Здравковски, Давор Серафимов и Максим Бундалески, за Огнен Здравковски да биде играчот кој ја затресе мрежата за предност од 0:2, резултат со кој се заврши натпреварот на СРЦ Билјанини Извори.

Вардар: Никола Филевски, Марко Стојилевски, Влатко Кулуковски, Огнен Здравковски, Михаил Кузмановски, Виктор Стефановиќ, Симеон Здравковски, Горјан Цветков, Тино Спасиќ, Филип Јовановски, Давор Серафимов.

Играа уште и Илија Апостоловски, Максим Бундалески и Зоран Фидановски.