Денес со почеток од 16:30 часот во Нови Сад, ќе се одигра реванш натпреварот од 1/4 финалето во СЕХА, меѓу екипите на Војводина и Вардар. Нашиот состав има голема предност од 13 гола разлика, остварена на првиот натпревар во С.Ц. Јане Сандански.
Снимка во 18:30 часот од натпреварот ќе можете да проследите на МТВ-3.