Денес, екипата на ФК Вардар го игра можеби и одлучувачкиот натпревар за пласман во ПМФЛ. На стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, црвено-црните се домаќини на екипата на Гостивар, натпревар кој ќе стартува од 16:00 часот.
Денес е потребна голема поддршка за Вардар и не се сомневаме дека ќе биде исполнет стадионот до последното место. За сите кои нема да имаат можност да бидат на стадион, директен пренос од натпреварот ќе има на Спорт Клуб.