Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар поразен во “мајсторката”
ЖКК Вардар поразен во “мајсторката”

ЖКК Вардар поразен во “мајсторката”

Кошаркарките на МЗТ Скопје ќе играат во полуфиналето на плеј-офот во женската Прва лига откако вечерва „Под Кале“, во третиот и решавачки натпревар, беа подобри од Вардар.

ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ     63:82

На гостински терен девојките во „сино-бела“ комбинација славеа со убедливи (82:63), и со резултат (2-1) ја затворија четвртфиналната серија која ги промовира во последен учесник во полуфиналето.

Таму за противник ќе ја имаат екипата на Баскет Кам 2011 која претходно во два натпревари го елиминираше кавадаречки Пробаскет

Клучна за конечниот епилог на овој одлучувачки натпревар беше третата четвртина. Десет минути во кои избраничките на тренерот Вела Красниќ одиграа одлично, посебно во одбраната.

По егал-скорот во првото полувреме (минимално водство 41:40 на Вардар), гостинките направија (26-11), доволни да се одвојат на високи (66:52), кои успеаја да ги задржат, дури и да стигнат до поубедлив триумф кој ги однесе во првата „четворка“ актуелните победнички во Купот на Македонија.

Теа Митрева со 23.поени, шест асистенции и  четири скока го предводеше гостинскито состав до успехот во кој се вградија уште и Џој Симонс, со 22 поени и 6.скока, Марија Митева со 17.поени и шест скока, како и Ана Живковиќ, која има и највисок индекс на корисност -30, до кој стигна со учинок од 16.поени, 13.скока, четири освоени топки и три асистенции.

Кај Вардар, двоен ефект имаше најискусната кошаркарка, Славица Наков, која на 18.поени придодаде и десет асистенции, а и недостасуваа само два скока за трипл-дабл скор.

Симона Деловска ја заврши сезоната со 17. поени и десет скока, а Ивона Ѓорѓиевска помогна со 13.поени и седум скока.

Полуфиналната серија од плеј-офот, во која ќе разигруваат Баскет Кам 2011 и МЗТ Скопје Аеродром, односно Бадел 1862 и Струга 2009, стартува на 19.април.