Утре со почеток од 16:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, екипата на ФК Вардар е домаќин на Гостивар, во дербито на 24.коло во ВМФЛ.
Судиската тројка за овој натпревар кој е од големо значење за Вардар, доаѓа од Кавадарци. Стојанче Трпчевски е главен судија, додека негови помошници ќе бидат Драган Трпчевски и Душко Панов.