Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рутинска победа за РК Вардар, младиот Стојановски најдобар стрелец
Рутинска победа за РК Вардар, младиот Стојановски најдобар стрелец

Рутинска победа за РК Вардар, младиот Стојановски најдобар стрелец

Екипата на РК Вардар стигна до рутинска победа, на натпревар од Супер Лигата. Во С.Ц. Јане Сандански, попладнево црвено-црните беа подобри од екипата на Охрид со резултат 35:19.

Охрид допатува речиси со младински состав, што отвори простор за тренерот Недановски да им даде шанса на ракометарите кои добиваа помала минутажа во изминатиот период, како Ќосевски, Стојановски, Добрковиќ. Во составот воопшто ги немаше искусните Марковски, Георгиевски и Стоилов, додека Талески, Моралес, Чувара и Дутра не ни влегоа во игра. На полувреме имавме предност од 14:8.

341056362_778459973721797_7833727913898789802_n

Разликата во вториот дел константно растеше во наша корист, а минутажата најдобро ја искористи младиот Марио Стојановски кој беше прв стрелец на Вардар со 6 постигнати голови. Ниту во еден момент не беше доведена во прашање победата, која на крајот беше изразена со двоцифрена разлика. Покрај Стојановски, кај Вардар се истакнаа уште и Манасков и Лазаревски кои постигнаа по 5 голови.