После еднонеделната пауза поради велигденските празници, продолжуваат натпреварите од 17.коло во Супер Лигата. Сите натпревари со екипата на Македонија Ѓ.П ќе ги одиграме на теренот на противникот.
Во сабота (22.04) со кадетите и младинците сме гости на Македонија Ѓ.П, натпревари кои се закажани во термините од 14:00 и 16:00 часот на стадионот во Ѓорче Петров.
Во недел (23.04) ќе бидеме „условно“ домаќини со пионерските екипи на истиов противник. Овие натпреваи ќе се одиграат на игралиштето на АМС во Ѓорче Петров, во термините од 14:00 и 16:00 часот.