Ракометарите на Вардар стигнаа до победа, на натпревар од 11.коло во Плеј-Оф на Супер Лигата, против екипата на Еурофарм Пелистер 2. Во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, славеа црвено-црните со резултат 25:22.
Малку потешко од очекувањата, до победа дојде Вардар кој на полувреме имаше само минимална предност од 13:12. Иако добро го отворивме натпреварот, сепак гостинската екипа од Битола се врати и го израмни резултатот. Во првото полувреме и двете екипи се менуваа во предност, за Вардар да поведе со 13:10 и наместо на одмор да заминеме со солидна позитива, дозволивме на Еурофарм да го намали резултатот и на полувреме резултатот на семафорот да гласи 13:12.
Во 38 минута имавме предност од 17:13 и тој период како да беше решавачки за конечната победа. До крајот ја одржувавме предноста и на крајот славевме со резултат 25:22.
Филип Талески беше најефикасен кај нас со 7 гола, додека Гоце Георгиевски беше стрелец на 5 гола.