Натпреварот кој ќе го реши новиот ракометен Шампион на Македонија ќе се одигра во сабота (06.05) во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од 19:00 часот.
Вардар и Еурофарм Пелистер имаат еднаков број на освоени бодови, па овој натпревар и дефинитивно ќе го одлучи новиот Шампион. Црвено-црните убедливо го добија првиот натпревар во Скопје, но поради поразот против екипата на Алкалоид, си ја отежнија работата за одбрана на титулата.
На Вардар ќе му биде доволно и реми за да ја одбрани круната, во случај на пораз, екипата на Еурофарм Пелистер ќе биде блиску до првото место.