Кадетите на РК Вардар 1961, вчера со голем пресврт во 2.дел го совлада тимот на РК Голден Арт КЛ7 и обезбеди пласман во 1/4-финалето.
Дуелот започна рамноправно, двата тима успеаа да постигнат по четири погодока за резултатска симетрија, 4-4. Ривалот успеа потоа да биде подобар во поле и да влезе во серија па поведе со шест гола предност при резултат 7-13. Црвено-црните успеаа во финишот значајно да ја намалат негативата и на одмор заминавме со два гола заостанување, односно со резултат 17-19.
Во вториот дел влеговме мотивирани за успех, на самиот почеток одигравме на високо ниво и со серија 6-0 го преземавме водството при резултат 23-19. Од овој момент ние доминиравме на теренот, од минута во минута ја зголемуавме предноста која дојде и до 18.гола на крајот. Победата беше убедлива со резултат 44-26.
Кај нас прв стрелец беше Томислав Стаменков со 10.гола, само гол помалце имаше Никола Нечовски кој постигна 9.погодока, а Ангел Столески успешно стрелаше во 6 наврати.